fbpx
Македонија Страница 1887

Македонија

Нова собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 44. седница. На дневен ред се предлог-законот за изменување на Законот за издавање вредносни бонови-ваучери по скратена постапка, поднесен од пратениците Крсте Мукоски и Владанка Авировиќ, и предлог-законот за дополнување на Законот за вработување и осигурување...

Министерот за надворешни работи на Белгија во посета на Македонија

Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс, во рамките на официјалната посета на Македонија, денеска ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Рејндерс, според најавите, ќе биде примен и од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Заев на распит во Обвинителството

На распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“ денеска треба да се јави претседателот на СДСМ, Зоран Заев. На последниот распит му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Заев е четвртоосомничен во случајот „Пуч“. Покрај него, осомничени се и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата...

Денеска во СДСМ ќе пука нова „бомба“

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, за денеска најавува нова „бомба“. Тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде вообичаено ги најавува прес-конференциите на лидерот на СДСМ, З0ран Заев, напиша: „Ај малку да помогнеме да се растопи снегот ... #17“.

Облачно со дожд, вечер снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и во северните...

Нуркачи со македонско и со албанско знаме во Охридско Езеро

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски продолжува со пренуркување на Охридско Езеро. Викендов, заедно со нуркачи од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец, официјално го направи првото нуркање во Охридско Езеро на територија на Албанија. Мисијата Секулоски ја почна на 28 февруари од охридското пристаниште, а вкупно...

СОНК: „Наставнички пленум“ да биде соодветно санкциониран

Советот на СОНК на седницата одржана вчера донел заклучок да се задолжат синдикалните организации на СОНК од чиј состав има членови во „Наставнички пленум“ да бидат соодветно санкционирани бидејќи, според СОНК, „Наставнички пленум“ досега има направено безброј директни напади врз Синдикатот. „Се задолжува највисокото раководство...

Машиновозачите го прекинаа бојкотот

Членовите на Независниот синдикат на машинскиот персонал утринава одлучија да го прекинат еднонеделниот бојкот, иако раковдоството на „Македонски железници - Транспорт“ не ги исполни барањата на машиновозачите, пренесува телевизија „Телма“. Дел од машиновозачите биле против прекин на бојкотот, но мнозинството гласало за спротивното. Главна причина...

Полошкиот регион под снег

Новите снежни врнежи формираа покривка од околу триесетина сантиметри снег на планискиот превој Стража и во Мавровско-Реканскиот крај. Се препорачува задолжително носење зимска опрема, а за патните правци кон овие места, каде има и наноси од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни...

„Средношколски пленум“ од утре почнува бојкот на наставата

„Средношколски пленум“ најавува дека од утре средношколците ќе почнат со бојкот на наставата во средните училишта. Од пленумот повторно го повикаа Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими на средба и на преговори. „Ѝ соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи,...

„Меѓаши“: Средношколската унија и пленумот да разговараат како партнери

„Средношколски пленум“ и Средношколската унија треба да разговараат како партнери и да најдат заедничко решение за излез од состојбата пред таа да ескалира со несакани последици, е ставот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ за преставката што до нив ја испрати Средношколската унија. „Младите можат да се сослушаат...

Заев им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово, Велигден, на бискупот, скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, како и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија. „Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на...

Претседателот Иванов им го честита Велигден на католиците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до бискупот, скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов, и до сите католички верници. „Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република...

Референдум-мода: Многу обиди, еден успешен

За 24 години самостојна држава и покрај бројните обиди, досега во Македонија има еден успешен референдум на државно и еден на локално ниво и една граѓанска иницијатива за референдум на општинско ниво, но и таа беше неуспешна... Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар се сретна со Никола...

Велигденски гости во Охрид и во Струга

Повеќе стотици гости, најголемиот дел од Грција, но и од Албанија, Бугарија, Србија и од други земји, престојуваат на брегот на Охридското Езеро, на празничен, велигденски викенд. Најпосетен, со околу 150 гости од Грција, е хотелот „Дрим“ во Струга. Во Охрид туристите се сместени, главно, во...

Крајбрежјето во Струга е полно со шут и со отпад

Стружани, особено еколозите, реагираат за атакот што се врши врз крајбрежјето од струшкиот дел на Охридско Езеро. Тие викендов организирано го чистеа крајбрежјето од шут и од отпад, но истовремено укажаа на неодговорната и на лошата навика на поединци да ја палат трската крај...

Облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд во попладневните часови и во текот на вечерта. На повисокоите места се очекува снег. Дневната температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде облачно, со поврeмeни врнежи од дожд, кои...

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Велески е еден од најлошите примери

Бирале, бирале, бирале кој да ја држи прес-конференцијата во Прилеп, па го избрале еден од најлошите примери на човек кој, додека 20.000 прилепчани останаа без работа, се збогати во време на транзицискиот мрак и апашката приватизација во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ...

Ангелов: Не помислувајте да го апсите Заев, ќе падне крв

Генералот Стојанче Ангелов и денеска со група граѓани протестираше пред Македонската радио-телевизија бидејќи јавниот сервис одбива да ги објави аудиоснимките од прислушуваните разговори што ги објавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ангелов рече дека бара техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот...

Ристески: СДСМ го остави Прилеп уништен и во долгови

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, по „бомбата“ на СДСМ, одржа прес-конференција на која кажа дека во времето на СДСМ, 35.000 работници останале на улица, имало уништени земјоделци и тутунари, пропаднале многу фирми и биле избркани странски инвеститори. - Прилеп беше град на страв и на терор,...

ЗНМ со осуда за обидот за цензура од директорката на Клиниката за токсикологија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во...