fbpx

СОНК: „Наставнички пленум“ да биде соодветно санкциониран

-

Советот на СОНК на седницата одржана вчера донел заклучок да се задолжат синдикалните организации на СОНК од чиј состав има членови во „Наставнички пленум“ да бидат соодветно санкционирани бидејќи, според СОНК, „Наставнички пленум“ досега има направено безброј директни напади врз Синдикатот.

„Се задолжува највисокото раководство на СОНК да покрене соодветни судски постапки преку адвокатската канцеларија против сите поединци или групи од Наставничкиот пленум и од Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), за кои постојат докази дека направиле незаконски дејства против СОНК и неговото раководство, за и на овој начин нашата организација да биде заштитена од ваквите незаконски дејствувања против неа, а исто така да се утврди и штетата што е нанесена врз СОНК со таквото нивно дејствување“, велат од СОНК.

За „Наставнички пленум“, од СОНК велат дека нема никакви основи да се обидува да биде паралелен партнер со СОНК и оттаму бараат членовите на „Наставнички пленум“ да престанат со пласирање невистини, конструкции и неспорни лаги и клевети за СОНК.

Во врска со „Средношколски пленум“, од СОНК изразуваат загриженост дека оваа неформална група на дел ученици од неколку средни училишта можат да бидат изманипулирани и искористени не за промовирање на свои интереси, како стандарди во средното образование во демократските земји, туку, како што велат од СОНК, за одработување на туѓи агенди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...