понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

„Одговорно користење на вештачката интелигенција” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

декември 12, 2023

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), во вториот краток инспиративен говор ќе дознаеме за “Одговорно користење на вештачката интелигенција”. Во нашата потрага по иновации, […]

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

декември 3, 2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

Познати се најчестите лозинки во светот – потребно е помалку од една секунда за да се пробијат

ноември 19, 2023

Компанијата „NordPass“ (Нордпас), која им помага на корисниците да генерираат лозинки и да ги чуваат безбедни, неделава ја објави својата годишна листа на 200 вообичаени и најчести лозинки во светот. За време на прибирањето на податоците, „Нордпас“ соработувала со независни истражувачи кои анализирале 4,3 терабајти податоци земени од јавно достапни извори. Компанијата соопшти оти не […]

Интернет имаат 88% од македонските домаќинства, најмногу го користат за видеоповици и допишување [инфографик]

ноември 19, 2023

Вкупно 88 отсто од македонските домаќинства имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2023 година. Видеоповици, учество во социјални мрежи и испраќање на инстант пораки, се активностите за кои интернетот во земјава бил користен најмногу. За десет години, бројот на домаќинства со пристап до интернет […]

Непал го забрани ТикТок поради „нарушување на социјалната хармонија“

ноември 14, 2023

Непал ја забрани кинеската апликација ТикТок со изговор дека нејзината содржина била „штетна за социјалната хармонија“. Одлуката доаѓа неколку дена откако оваа јужноазиска држава воведе ново правило со кое се бара од фирмите за социјални мрежи да отворат канцеларии во оваа земја. Министерката за комуникации и информатичка технологија на Непал, Река Шарма за Би-би-си Непал […]

Инстаграм и Фејсбук ќе ги означуваат политичките „дипфејк“ содржини

ноември 10, 2023

Технолошката компанија „Мета“ ќе бара од политичките огласувачи да означат кога користеле вештачка интелигенција (ВИ) или дигитална манипулација во рекламите на Фејсбук и Инстаграм. Почнувајќи од јануари, рекламите поврзани со политика, избори или социјални прашања ќе мора да пријават каква било дигитално изменета слика или видео, пренесува Би-би-си. „Мета“ и досега имаше воспоставено политики за […]

Згаснува „Omegle“ – популарната страница за видеoразговор

ноември 9, 2023

По 14 години и по низата случаи на пријави за злоупотреба, популарната веб-страница за видеоразговори во живо „Omegle“ (Омегл) се гаси. Страницата се спомнува во повеќе од 50 случаи против педофили во последниве неколку години, пренесува Би-би-си. Основачот Леиф Брукс во изјава која сега стои на почетната страница на сајтот вели дека работењето на „Омегл“ […]

Јутјуб ќе ги оневозможува „ад-блокерите“, законите за приватност на ЕУ може да го спречат

ноември 8, 2023

Додека Јутјуб ги заострува ограничувањата на блокаторите на реклами, поборниците за заштита на приватноста во ЕУ тврдат дека европските закони може да ги сопрат овие обиди на платформата. Јутјуб во јуни започна да го тестира блокирањето на таканаречените „ад-блокери“, за подоцна да ги зголеми ваквите напори. Тоа значи дека повеќе корисници со овозможени блокатори на […]

Инстаграм и Фејсбук од утре воведуваат месечна претплата со која нема реклами

октомври 30, 2023

Компанијата „Мета“ лансира платена претплата, со која ги отстранува рекламите од своите социјални мрежи Инстаграм и Фејсбук. Услугата од утре, 1 ноември, ќе биде достапна за земјите кои се дел од Европската унија (ЕУ), Европската економска област (ЕЕА) и Швајцарија. Услугата за социјални мрежи без реклами ќе се наплаќа 9,99 евра месечно за веб-верзиите на […]

Крај на кабелската џунгла – во Германија ќе се користат кабли само со USB-C приклучок

октомври 26, 2023

Германија од 2025 година ќе воведе единствен стандард за полнење на мобилни уреди и на пазарот ќе останат само кабли со USB-C приклучок. Одлуката е во согласност со директивата на Европската Унија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Вчера владата на канцеларот Олаф Шолц одобрила нацрт-амандман на законот за стандардизација, соопшти Министерството за економија. „Со измената […]

Тужби против Инстаграм и Фејсбук поради повреда на менталното здравје на младите

октомври 25, 2023

Матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм – „Мета“, во САД е обвинета за доведување во заблуда на јавноста околу ризиците од користењето на социјалните мрежи и за придонесување кон криза на менталното здравје кај младите, пренесува Би-би-си. Овие тврдења се изнесени во федерална тужба најавена од десетици американски сојузни држави. Државите тврдат дека компанијата користела […]

Децата премногу време се пред екран – родителите признаваат и се правдаат

октомври 22, 2023

Без разлика дали станува збор за телефон, таблет или компјутер – децата во Германија премногу време поминуваат пред екраните. Родителите тоа го признаваат и наведуваат дека поради тоа ги мачи совеста, но и се обидуваат да го прикријат вистинското време кое децата го поминуваат со дигиталните медиуми, пренесува германската новинска агенција ДПА. Грижа на совеста […]

ДЕБАТА: Телефонот може да нè прислушува, ако не водиме грижа за сајбер хигиената

октомври 19, 2023

Дали телефонот нè прислушкува беше атрактивното прашање што привлече големо внимание и дискусија од десетици млади на вечерашниот прв „Сајбер шејк“ настан што се одржа во просториите на Netaville во Скопје. Одговорот на прашањето за „прислушувањето“ е „ДА“, а притоа имаше многу „НО“ во одговорите на говорниците: Бајрам Али, ИТ советник на Азир Алиу, министер […]

Нетфликс ги зголеми цените на претплатата

октомври 19, 2023

Стриминг платформата Нетфликс од вчера ги зголеми цените на претплатата за повеќето свои пакети во неколку држави, меѓу кои и САД, Велика Британија и Франција. Покачувањето доаѓа по соопштените резултати за заработката на компанијата во третиот квартал од годинава, според кои очекувањата за нови клиенти биле надминати, а акциите на Нетфликс пораснаа за 13 отсто. […]

„Х“ почна да им наплаќа по 1 долар годишно на сите нови корисници во Нов Зеланд и Филипините

октомври 18, 2023

Социјалната мрежа „Х“, порано позната како „Твитер“, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно за пристап до клучните функции. Ова е дел од ново пробно тестирање на платформата во сопственост на милијардерот Илон Маск, јави Би-би-си. Новите корисници во двете земји ќе треба да платат еден […]

Граѓаните мета на фишинг напади – не кликајте на СМС пораки за наводни пратки

октомври 13, 2023

Македонските граѓани од вчера масовно добиваат СМС пораки со кои се известуваат дека има промена во однос на нивни наводни пратки што ги добиле. „Ќе се наплаќаат такси за царинење за бројот на пакетот XXX и мора да се плати на следниот линк“, гласи само една од пораките, за кои вчера и денеска посведочија дека […]

ЕУ со предупредување до ТикТок за дезинформации поврзани со нападот на Хамас врз Израел

октомври 13, 2023

Европската Унија го предупреди ТикТок за дезинформации што се шират на платформата по нападот на Хамас врз Израел. Во писмото, ЕУ го повикува извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чу „итно да ги засили“ напорите и во следните 24 часа да објасни како се усогласува со европското право, јавува Би-би-си. Социјалните мрежи бележат пораст на […]

ЕУ ги предупреди Маск и Закерберг заради дезинформации на социјалните мрежи околу конфликтот меѓу Израел и Хамас

октомври 12, 2023

Европската Унија издаде предупредување до Илон Маск за наводни дезинформации околу нападот на Хамас врз Израел, вклучувајќи и лажни вести и „пренаменети стари слики“ на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер. Писмото со предупредување пристигнува помалку од два месеца откако стапија на сила новите закони со кои се регулира содржината на социјалните мрежи во […]

Најмладите и заштитата на личните податоци

октомври 10, 2023

Во време во кое голем дел од нашите активности ги споделуваме на интернет, приватноста има многу големо значење. Интернeтот нуди содржини со многу можности за забава, учење, но исто така може да биде ризичен доколку отсуствува соодветно ниво на внимателност. Ова е особено важно за децата, кои од најмала возраст се на „удар“ на дигитализација. […]

ChatGPT сега има пристап и до тековните информации

септември 28, 2023

Компанијата „Опен АИ“ која го создаде популарниот чет-бот ChatGPT потврди дека овој јазичен модел сега може да пребарува на интернет и да им обезбеди тековни информации на корисниците. Системот со вештачка интелигенција досега беше обучен само преку користење на податоци објавени заклучно до септември 2021 година и немаше пристап до интернет мрежата во реално време. […]

Страна 2 од 24