fbpx

Бројката расте – уште девет поранешни пратеници добија апанажа

Претходно апанажа побараа и добија 29 пратеници од претходниот парламентарен состав. Тие, одреден период, не повеќе од една година, ќе ја добиваат истата пратеничка плата

-

Со само еден глас против денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието го донесе решението за добивање апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли.

Претходно апанажа побараа и добија 29 пратеници од претходниот парламентарен состав. Тие, одреден период, не повеќе од една година, ќе ја добиваат истата пратеничка плата.

Денеска беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.

Претходно 29 пратеници побараа и добија одобрена апанажа, од кои 26 ќе го добиваат надоместокот во текот на една календарска година, односно 12 месеци. Една година правото на апанажа ќе го користат Жаклина Лазаревска, Соња Михајловска, Ненад Коциќ, Марија Георгиевска, Санела Шкриељ, Дарко Каевски, Марија Костадинова, Марија Ангелова, Емилија Рамбабова, Љупчо Балковски, Белкиса Зеќири, Даниела Колева, Бајрам Кадрија, Атнан Незири, Лолита Ристова, Диме Велковски, Артина Ќазими, Марија Кочовска, Мухамед Кадриов, Игор Јанушев, Маја Морачанин, Боби Мојскоски, Кастриот Реџепи, Лазе Таневски, Мартин Костовски и Мирче Аџиовски.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска утврди и дека пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се кандидатите за потпретседатели на Собранието на Република Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...