fbpx

Брисел наскоро ќе се изјасни за трговската криза што ја предизвика Хрватска

-

Европа сериозно ја разгледува кризата што ја предизвикаа хрватските власти со одлуката за 22 пати да се зголемат таксите за фитосанитарна контрола на увозот на овошје и на зеленчук од трети земји, меѓу кои Македонија.

Како што јавува српскиот портал „Новости“, се очекува многу набргу Брисел да го изнесе својот став и да се обиде да ја реши кризата, од која се погодени и Србија и Босна и Херцеговина.

– ЕУ го поддржува развивањето на трговски и на економски интеграции. Сите страни мора да ги почитуваат своите обврски. Во контакт сме со властите на државите на кои се однесува ситуацијата. Во моментов ја проценуваме ситуацијата – изјавиле од Брисел за „Новости“.

Хрватска на 14 јули ги зголеми надоместоците за фитосанитарната контрола на овошјето и на зеленчукот на нејзината граница од 12 на 274 евра, а притоа како причина го наведе усогласувањето со стандардите на Европската Унија. Србија и БИХ веќе реагираа до хрватските власти и до Брисел и најавија дека ако не се реши проблемот, ќе воведат контрамерки, но не соопштија какви.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера соопшти дека ќе достави нота до хрватското министерство за земјоделство и до Европската комисија. Тој најави дека в понеделник надлежните министри на Македонија, Србија и на Босна и Херцеговина ќе се сретнат во Сараево за да изградат заеднички став и за заедничка реакција до хрватската страна.

Вредноста на извозот на овошје и на зеленчук од Македонија во Хрватска е околу 5 милиони евра годишно. Најмногу се извезуваат свежи пиперки, зелка, домати, краставици, трпезно грозје и лубеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...