Борел: Крвопролевањето мора веднаш да заврши

Најмалку 274 Палестинци загинале, а 698 биле ранети при израелските напади врз бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа

-

Најмалку 274 Палестинци загинале, а 698 се ранети откако бил извршен напад на бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа при израелската операција за спас на 4 заложници, соопшти денес Министерството за здравство на Газа.

Жозеп Борел, дипломат на ЕУ ја нарече ситуацијата „масакр“, а во објава на социјалната мрежа „X“, „најостро“ ги критикуваше извештаите од Газа за уште еден масакр на цивили, пишува Гардијан.

Тој повика на прекин на огнот и ослободување на сите преостанати заложници.

„Крвопролевањето мора веднаш да заврши“, изјави тој.

Телата на 109 Палестинци, од кои 23 се деца, а 11 се жени, се пренесени во болницата Ал Акса, каде се згрижени повеќе од 100 ранети, кажа портпаролот Калил Дегран.

Тој додаде дека повеќе од 100 лица убиени во израелските напади и биле пренесени во болницата Ал Авда, а вкупно има 210 жртви. Таа бројка ја дадоа и властите на Хамас, но не можеше да се потврди.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари, во саботата потврди дека се убиени десетици Палестинци. Тој изјави дека се пријавени „под 100“ жртви, но не можеше да каже колку од нив се цивили.

 

ИзворThe Guardian

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...