Европски избори: ЕПП останува со најмногу европратеници, Макрон распиша предвремени парламентарни избори

И покрај напредокот на крајната и радикална десница, центристичките партии го задржаа вкупното мнозинство во Европскиот парламент. Европска народна партија ја зајакна својата контрола – доби вкупно 184 места во парламентот, во споредба со 177 во досегашниот состав

-

Францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори, откако екстремната десница во оваа земја освои далеку повеќе гласови на европските избори викендов. Национален собир освои над двојно повеќе гласови од центристичката алијанса на Макрон, јавува Би-би-си.

„Не можам да се однесувам како ништо да не се случило“, изјави Макрон вчеравечер, објавувајќи ја својата одлука за предвремените парламентарни избори.

Францускиот претседател рече дека одлуката е сериозна и тешка, но дека не може да го игнорира фактот дека „екстремно десничарските партии напредуваат насекаде на континентот“.

„Францускиот народ сега мора да го направи најдобриот избор за себе и за идните генерации“, додаде Макрон.

Национален собир освои 31,5 отсто од гласовите, додека партијата Ренесанса на Макрон освои 15 отсто.

„Подготвени сме да ја преземеме власта доколку Французите покажат доверба во нас“, изјави Ле Пен синоќа.

И покрај придобивките за крајната и радикална десница, центристичките партии го задржаа вкупното мнозинство во Европскиот парламент.

Првичните проекции за севкупните избори во ЕУ покажуваат дека централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) ја зајакнала својата контрола во Европскиот парламент – доби вкупно 184 места во парламентот, во споредба со 177 во досегашниот состав.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е дел од партијата, изјави дека „центарот се држи“.

Според неа, екстремната левица и десница добиле поддршка, што „стави голема одговорност на партиите во центарот“.

Социјалистите освоија најголем дел од гласовите во Малта, Романија и Шведска, помагајќи му на левиот центар да ја задржи својата позиција како втора по големина група во парламентот.

Коалицијата на Олаф Шолц имаше лоша ноќ во Германија, каде екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) оствари значителни придобивки, пишува Гардијан.

Според првичните резултати, коалицијата на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија, е во водство со 30,9 отсто од гласовите. АфД скокна на 14,2 во споредба со 11 отсто на изборите во 2019 година.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони им се заблагодари на гласачите откако првичните резултати покажаа дека нејзината десничарска партија Браќа на Италија освоила помеѓу 26 и 30 отсто од гласовите, што ѝ дава водство пред ривалите од левиот центар со 21 до 25 отсто од гласовите.

Во Холандија, екстремно-десничарската партија на Герт Билдерс заврши втора зад сојузот на Левите и Зелените.

Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан доби најмногу гласови во земјата, иако забележа полоши резултати во споредба со претходните години. Владејачката партија во Унгарија доби 44,17 отсто од гласовите, додека опозициската партија Тиса заврши со 30,08 отсто. Лидерот на Тиса, Петар Маѓар, ги нарече изборите „почетокот на крајот“.

Од друга страна, нордиските земји го потиснаа севкупниот тренд на изборите во ЕУ. Левичарските и зелените партии постигнаа најголеми победи во Шведска, Финска и Данска. Екстремно десничарските партии забележаа намалување на поддршката за нив во овие држави.

Предвремените парламентарни избори во Франција ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули. Во меѓувреме, позицијата на Макрон како претседател на земјата не е доведена во прашање.

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Деновиве во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950“ која претставува дел од колекцијата на Влатко Милошевски. Меѓу многуте уметнички и историски интересни...

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

„Спејс Екс“ на Илон Маск и уште двајца партнери се појавија како водечки кандидати за освојување на клучен дел од ракетниот одбранбен штит „Златна Купола“ на претседателот Доналд Трамп, изјавија шест...

Се пошумува Буковиќ, еден од најзначајните коридори на  балканскиот рис

Македонското еколошко друштво, во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ започна со пошумување на пределот Буковиќ, важен природен екосистем и клучен био коридор за балканскиот рис. Ќе се засадат 21.000 садници од...

ИРЛ: Во Крива Река завршил осиромашен олово – цинков концентрат од Тораница

Хаваријата во рудникот Тораница, на 14 март годинава, кога во Крива Река се излева сива маса налик бетон настанала затоа што над цевката што пукнала во кругот на рудникот, се чувал...

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Деновиве во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950“ која претставува дел од колекцијата на Влатко Милошевски. Меѓу многуте уметнички и...