fbpx

Бизнисмените испорачаа седум приоритети до Владата за годината да биде економска

-

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)  по одржаните состаноци со претседателството, регионалните комори и ресорните институции, испорача седум приоритети од приватниот сектор за остварување на основните предуслови за да има реална основа 2019 да биде економска година.

Едни од барањата се обезбедување на сигурност за приватниот сектор, континуиран пораст на националното стопанство, да не се менуваат законите без активно учество на релевантните страни кои го застапуваат приватниот сектор, владеење на правото, да се интензивира борбата со нерегистрираните бизниси односно со сивата економија.

Претседателката на Сојузот, Данела Арсовска, на прес-конференцијата рече дека Владата согласно потпишаниот Меморандум за формално воспоставување јавно приватен дијалог со стопанските комори, ќе покаже на дело дека приватниот сектор е нејзин партнер, а не само алатка за полнење на буџетот.

– Економски неиздржано е во услови на стагнација на домашната економија да се отпочне со делумната реформа на даноците, попотребна е дерегулација и даночни олеснувања особено за малите компании и претприемачите. Годинава потребно е отпочнување со зголемен интензитет на инфраструктурни проекти, кои се од голема важност за сите стопански сектори, понатаму да се превземат значајни реформи за спречување на континуираната миграција, како и да се креира нова агенда за зголемување на надворешната трговија особено на извозот. Во нашата земја само 3.500 компании или само пет проценти од вкупниот број активни трговски друштва во земјата се извозници – рече Арсовска.

Лани, а и годинава бизнис-секторот реагира за состојбата во градежништвото, недостатокот на квалификуван кадар, борбата со сивата економија која изнесува 30 проценти од севкупната економија.

За нив, исто така неоправдано е донесување на законите без консултација со стопанството, поточно со оние кои треба да го применуваат законското решение.

– Последниот случај со Законот за трговија на зелени пазари само ја потврдува оваа состојба на проблеми поради носење на Закони без вклучување на релевантните страни во нивното подготвување. Пазарџиите беа изненадени од новата обврска, која ескалираше во револт за на крај епилогот да биде одложување на примената на Законот – додаде Арсовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...