fbpx

Битиќи вели дека фалат 10.000 работници во земјава, ќе се бараат и од странство

Вицепремиерот објаснува дека земјава се соочува со природен циклус на движење на работната сила, кој е диктиран воглавно од висината на платите

-

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели деки последните проценки покажале оти на Македонија ѝ недостигаат околу 10.000 работници. Недостигот на работна сила најмногу се чувствува во градежништвото, хотелиерството и туризмот. За да се пополнат слободните работни места, Битиќи рече дека најпрво ќе се бараат доквалификации на работниот кадар во земјава, а ако има потреба, ќе се увезат и работници од странство.

Тој посочи дека владата преку оперативниот план за вработување, работи на различни форми на квалификација и доквалификација, за да го подготви домашниот работен потенцијал за пазарот на труд.

Владата во моментов разговара со стопанските комори, за тоа во кои гранки евентуално би се увезла работна сила.

„Просечната плата кај нас достигна 550 евра, платата каде што одат нашите работници да работат е 100 евра, а земјите од каде што најверојатно ќе доаѓаат работници во рударството, па и во градежништвото е просечни 200 евра“, вели Битиќи.

Иако засега не е дефинирано, тој смета дека недостигот на работници најпрво би требало да се решава со потрага од земјите во регионот, бидејќи веќе се склучени договори од иницијативите „Отворен Балкан“ и „Берлински процес“.

Вицепремиерот објаснува дека земјава се соочува со природен циклус на движење на работната сила, кој е диктиран главно од висината на платите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...