fbpx

БиХ и лани била главен странски пазар на македонските градежници

-

Македонските градежни компании лани на странските пазари реализирале помалку проекти, но затоа пак успеале да склучат повеќе договори за градежни активности што допрва ќе се реализираат, покажуваат годишните податоци на Државниот завод за статистика.

Извршените градежни работи на македонската оператива во странство лани изнесувале над 4,5 милиони евра, што е за 77,3 отсто помалку во споредба со 2018 година. Од друга страна, градежниците договориле изведба на проекти во вредност од околу 66 милиони евра, односно речиси два и пол пати повеќе во однос на договорените градежни работи во 2018 година.

Како и во изминативе години, работењето на македонските градежници во странство се сведува во најголем дел на проекти што се изведуваат во Босна и Херцеговина. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи е резултат на завршувањето на веќе започнатите проекти на босанскиот пазар, но и значителниот пораст на договорените проекти за во иднина се должи на зделките што се склучени во оваа земја.

Покрај Босна и Херцеговина, единствена земја каде што македонските компании имаат позначителен обем на работа во форма на договорени и извршени работи е Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...