БЕСТ Скопје организира Летен академски курс на тема вештачка интелигенција

Курсот ќе се одржи на техничкиот кампус на УКИМ (ФИНКИ, ФЕИТ, Машински и ТМФ). Истиот е наменет само за студентите од УКИМ и ќе се одвива на англиски јазик. Академскиот дел од курсот е бесплатен и покриен од страна на БЕСТ Скопје

Course Wars: Attack of the AI е Меѓународен летен академски курс организиран од страна на БЕСТ Скопје во соработка со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ). Главната тема на 18-тото издание на овој курс што ќе се одржи од 16 до 24 јули е Вештачка Интелигенција (AI).

Курсот ќе се одржи на техничкиот кампус на УКИМ (ФИНКИ, ФЕИТ, Машински и ТМФ). Истиот е наменет само за студентите од УКИМ и ќе се одвива на англиски јазик. Академскиот дел од курсот е бесплатен и покриен од страна на БЕСТ Скопје. После академскиот дел од курсот е планирано викенд патување во Охрид, за кое има повеќе информации подолу во формата. Краен рок за пријавување е 30.06.2023 во 23:00 часот преку онлајн форма.

БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија) е непрофитна, волонтерска организација која функционира во 83 ограноци лоцирани на различни универзитети низ 30 држави во Европа. БЕСТ Скопје е единствената македонска локална група која е дел од оваа голема европска фамилија.