fbpx

Авганистанци подготвувале терористички напад во Бугарија

-

Добиен е сигнал по дипломатски пат за подготовка на терористички напад во Бугарија, соопшти денеска бугарската министерка за внатрешни работи во оставка, Румјана Бочварова.

– Има сигнал за терористички акт во Бугарија. Имаме информација, добиена по дипломатска линија, за три или четири лица, кои се идентификувани и чии документи се проверени и кои најверојатно нема да останат на наша територија. Преземени се сите мерки. Засега не се уапсени – рече Бочварова во бегалскиот камп Харманли, одговарајќи на новинарско прашање.

Во саботата на социјалните мрежи и во британскиот печат се појави информација дека Авганистанци, кои живеат во Велика Британија, подготвувале терористички напад поради случувањата во бугарскиот бегалски камп Харманли.

Како што јавува дописникот на „Мета“ од Софија, Бочварова по прес-конференцијата, заедно до директорката на бугарската Државна агенција за бегалци, Петија Парванова, заминала во контрола на поставувањето на оградата во бегалскиот камп Харманли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...