fbpx

Авганистанските сили го одбраниле аеродромот

-

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека го одбраниле аеродромот во Кандахар од нападот на талибанците, кој траел повеќе од 24 часа и во кој се убиени 50 лица, претежно цивили.

Меѓу убиените има 38 цивили, 10 авганистански војници и двајца полицајци. Убиени се 11 терористи, кои учествувале во нападот, а судирите завршиле доцна синоќа.

Авганистанските сили се борат да го сопрат напредувањето на талибанците откако американските и силите на НАТО кон крајот на минатата година официјално ја завршија својата борбена мисија.

Во аеродромскиот комплекс во Кандахар се наоѓа и воен дел, како и база на НАТО. Меѓу загинатите немало припадници на западната воена коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...