fbpx

Апсење во БИХ, пронајдени бомби, мини и знаме на ИД

-

Службеници на Државната агенција за истрага и за заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) уапсиле три лица кај кои е пронајдено оружје и знаме на Исламска држава.

Од СИПА соопштија дека се претресени објекти на три локации како продолжување на акцијата „Дамаск“, која има цел да се откријат личности за кои постои сомневање дека имаат врска со радикални исламистички терористички организации.

За уапсените Н.Ш. (1988), А.М. (1960) и Џ.В. (1989) постојат основи на сомневање дека извршиле кривично дело противзаконско формирање и придружување на странски паравоени и параполициски формации.

СИПА наведе дека во акцијата се пронајдени рачни бомби, тромблонска мина, противпешадиски нагазни мини, големо количество муниција, мачети, знаме на Исламска држава, како и пластичен шаблон за цртање на обележјата на ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...