Апелацискиот суд во Скопје најдоцна до вторник треба да се изјасни дали новинарот Томислав Кежаровски ќе остане на условна слобода или ќе мора да се врати в затвор и да ги одлежи преостанати три месеци од затворската казна, пишува „Фокус“.

Апелцискиот суд му ја намали заканата на Кежаровски од четири и пол години на две откако му се пресмета притворот. По намалувањето на казната, на Кежаровски му остана да одлежи уште три месеци.

Кежаровски поднесе барање за условен отпуст бидејќи 90 отсто од казната му е одлежена. Првостепениот суд го прифати неговото барање, но Јавното обвинителство поднесе жалба до повисокиот суд, со што одлуката на првостепениот не може да стане правосилна сè додека повисокиот суд не се произнесе.