Аваја: Апелациониот суд да ја прифати пресудата за случајот со полициска бруталност во Битола

-

Граѓанското движење АВАЈА вчера одржа Марш за правда, откако Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда за случајот на полициска бруталност во Битола, со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен и е осуден на казна затвор од една година.

Протестот започна од пред Основниот кривичен суд Скопје, каде што Ремзи Медик, тим лидер на АВАЈА од Битола, ја објасни голготата низ која поминале жртвите на полициската бруталност, од прибирање на здравствена документација по претепувањето и односот на здравствениот систем, сѐ до притисоците кои ѝ се вршат на ромската заедница во Битола.

Протестот продолжи пред Основното јавно обвинителство, каде што пред присутните се обрати Селвије Мустафи. Таа упати порака до Јавното обвинителство за подеднакво третирање на пријавите против полициските службеници со останатите пријави.

Зера Аметова од АВАЈА, пак, ја поздрави одлуката на Основниот кривичен суд за донесената пресуда за една година казна затвор, побара Апелациониот суд да ја потврди истата одлука и додаде дека полициските службеници не се имуни пред правдата и фактите.

„Денес Ромите се борат за своите права со тоа што е пропишано. Денес тука сме сите собрани во име на сите жртви на полициска бруталност, на сите оние кои молчеле, на сите оние кои се плашат да говорат јавно за насилството, на сите оние кои не ја добиле правдата во судските постапки и за сите оние кои и никогаш не стигнале да ја имаат можноста за судска постапка“, рече Марија Сулејманова.

Минатата година во септември, во Битола обвинетиот полицаец Гоце Петковски при обезбедување на место на сообраќајна несреќа, го совладал Невзад Јашаровски. По завршувањето на судскиот процес, Судот констатираше дека полицаецот употребил прекумерна сила и го понижил Јашаровски и изрече ефективна казна затвор од една година за полициски службеник за прекумерна употреба на сила.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...