fbpx

Ангелов и Коѕиас се согласија за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција

-

Заедничка согласност дека Македонија и Грција треба да ја развиваат соработката на сите полиња, независно од проблемот за името, е исходот од денешната средба на амбасадорот Дарко Ангелов со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Новиот македонски амбасадор во канцеларијата за врски во Атина, попладнево се сретна со новиот грчки министер за надворешни работи од новата влада на Алексис Ципрас. Оваа прва протоколарна средба беше, главно, можност за запознавање на новиот амбасадор со Коѕиас, кој пред само неколку недели го презеде министерството од Евангелос Венизелос.

Средбата поминала позитивно и во пријатна клима.

– Средбата помина во позитивна атмосфера, искористена за меѓусебно запознавање на нов министер со нов амбасадор. Разменивме заедничко согледување и се согласивме дека независно од клучното прашање кое постои и кое ќе се дискутира во досегашниот формат, двете држави треба да ја интензивираат меѓусебната соработка во повеќе области и на повеќе општествени полиња – изјави Ангелов по средбата за новинската агенција „Мета“.

Позитивната клима на средбата и волјата од грчка страна за продлабочување на соработката, заедно со брзиот прием на Ангелов во Министерството за надворешни работи, кусо по доаѓањето на власт на СИРИЗА, создава првични охрабрувачки сигнали дека би можело да има раздвижување во комуникацијата и во соработката меѓу двете страни. Иако е прерано да се даваат оцени во која насока ќе се одвиваат врските и комуникацијата со новата грчка влада, овој развој на настаните може да се оцени само како позитивен ако се има предвид дека комуникацијата меѓу двете страни долго време беше замрзната поради острите несогласувањата околу спорот за името.

Ангелов е еден од првите амбасадори со кои се среќава Коѕиас по преземањето на функцијата од претходниот министер за надворешни работи. Коѕиас од преземањето на функцијата досега, се сретна со амбасадорите на САД, Германија, Украина и на Турција. Ангелов во јануари, непосредно пред грчките парламентарни избори, имаше средба со поранешниот заменик-министер за европски прашања, Димитрис Куркулас.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...