fbpx

АНАЛИЗА: За греење, парно и транспорт, институциите должат над 81 милион евра

-

Од вкупните внатрешни долгови на државно и на локално ниво во износ од скоро 400 милиони евра, 20 отсто се по основ на неплатени сметки за комуналии, струја, греење, транспорт, а скоро 22 отсто од долгот е за неплатени материјали и ситен инвентар, пишува Порталб.мк.

Здравството, општинските и државните  јавни претпријатија со најголем долг…

Највисоки милионски износи на долгови пријавиле здравствените институции, болници, клиники, институти, потоа општинските јавни претпријатија, јавните претпријатија во државна сопственост и државни фирми. Порталб.мк направи споредбена анализа за состојбата на долговите на годишно ниво. На крајот од третиот квартал, јавните здравствени установи пријавиле долг во износ од 104 милиони евра – со раст од скоро 42 милиони евра во однос на третиот квартал од 2021 година.

Раст на долговите во септември 2022 во однос на истиот период лани има и кај јавните претпријатија во државна сопственост и државните фирми – доспеаните а неплатени обврски изнесуваат 126 милиони евра, а долговите на општинските јавни претпријатија се во износ од 70,8 милиони евра, што е раст за 18,5 милиони евра.

Над 40 отсто од долговите за комуналии, инвентар , материјали…

За комуналии, струја, вода, транспорт, телефони, интернет, мебел и и инвентар – по овој основ се најголемите долгови на државните институции, јавни претпријатија, општини, здравство и образование. На крајот од третиот квартал од годинава само по основ на комунални сметки (струја, вода, комуникации) доспеаните а неплатени обврски на институциите на државно и на локално ниво изнесувале фантастични 81,3 милиони евра и во однос на истиот период лани се зголемени за цели 35,5 милиони евра.

Милионски износи на долгови и по основ на набавени а неплатени материјали и ситен инвентар, долг од скоро 85 милиони евра со зголемување за драматични 40 милиони евра во однос на истиот период лани. Високи износи на неплатени обврски има и за „договорни услуги“. На крајот од септември 2022 година долгот бил скоро 43 милиони евра, додека во истиот период лани изнесувал 33 милиони евра. На годишно ниво раст има и кај долговите за патни и дневни расходи, од 161.000 евра во септември 2021, се зголемиле на 253.500 евра.

На новата должничка листа што ја објавува Министерството за финансии долгови пријавиле 864 институции на државно и на локално ниво – министерства, болници, училишта, судови, факултети, општини, јавни претпријатија и институции од културата. Од министерствата највисок износ на долг од 1,5 милион евра пријавило Министерство за образование, Министерството за култура должело 860.000 евра а трето по висина на долгот е Министерството за правда со износ од 611.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...