АНАЛИЗА: Долговите на општините и локалните јавни претпријатија

-

Дел од општините на годишно ниво ги зголемиле, а дел ги намалиле долговите. Во некои општини, долговите на јавните претпријатија се поголеми од општинските долгови, пишува Порталб.мк.

Еве кои општини колку должат: Општина Тетово, според висината на доспеаните а неплатени обврски, заклучно со декември лани е најзадолжена локална самоуправа со износ од 13,6 милиони евра. Во однос на 2021 година, податоците покажуваат раст на доспеаните обврски за 100.000 евра. Во првите 20 најзадолжени е и ЈКП „Тетово“ со долг од скоро 5,5 милиони евра. На новата должничка листа се и основни училишта под ингеренција на локалната власт, чии долгови се движат од 113.000 евра па надолу, а долгови имаат и средни училишта на територијата на оваа општина. Доспеани обврски во износ од 55.800 евра пријавило ЈП „Градски паркинг“ Тетово.

Општина Гостивар ланската година ја завршила со долг од 7,8 милиони евра, поради што оваа општина е во првите 20 најзадолжени на листата. Доспеани а неплатени обврски во износ од 3,5 милиони евра пријавило и ЈП за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар. На територијата на оваа општина, Општата болница е на трето место според износот на долг од 393.000 евра. Долг од 65.500 евра има и ЈП за јавни паркиралишта и зеленило Гостивар, а ЈП за стопанисување со спортска сала Риниа пријавило долг од 6.300 евра. Доспеани а неплатени обврски имаат и неколку основни и средни училишта.

Со доспеани а неплатени обврски во износ од речиси 2,6 милиони евра е Општина Струга. На крајот на декември лани и ЈП „Водовод и канализација“ Струга пријавило долг во износ од 3,4 милиони евра, што ова јавно претпријатие го става на високото 25-то место на новата должничка листа. На територијата на Општина Струга, со долг од 1,4 милиони евра е Општата болница – Струга, Заводот за нефрологија – Струга со близу 1 милион евра, како и ЈП „Комунално“ – Струга со долг од 736.600 евра. Доспеани а неплатени обврски пријавиле и струшките основни училишта, Основниот суд, како и НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

На територијата на Општина Кичево, најзадолжена е Општа болница Кичево, која на крајот на декември лани пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 14 милиони евра, што ја сместува во првите 10 најзадолжени институции на ниво на државата. Милионски долг има уште една здравствена институција, Здравствен дом Кичево, со пријавени неплатени обврски во износ од 2,4 милиони евра. Самата локална самоуправа, Општина Кичево, на новата должничка листа се наоѓа во првите 100 најзадолжени со износ од скоро 1,3 милиони евра. Доспеани а неплатени обврски пријавиле и ЈП „Комуналец“ Кичево, како и основни и средни училишта.

Анализата на податоците за долговите на овие четири општини покажува дека две од нив лани, во споредба со 2021 година, го зголемиле долгот – Тетово за 100.000 евра и Гостивар за скоро 2 милиони евра, додека општините Кичево и Струга според податоците имаат намалување на доспеаните а неплатени обврски.

Од останатите општини, позначаен долг во износ од скоро 1,5 милиони евра има Општина Сарај, потоа 1,2 милиони евра пријавила Општина Дебар, додека Општина Липково има долгови во износ од скоро 1,1 милиони евра. Обврски од речиси 18.000 евра има и ЈКП „Пиша“ – Липково, како и основните училишта на територијата на оваа општина.

На должничката листа се и општина Боговиње со обврски во износ од 525.000 евра, скопски Чаир има долг од скоро 1,4 милиони евра, општина Арачиново 834.000 евра, а општина Теарце на крајот на декември лани имала доспеани а неплатени сметки во износ од 500.000 евра.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...