fbpx

Активистки упаднаа на исламска конференција во Париз

-

Две активистки на организацијата „Фемен“ викендов упаднаа на бината и прекинаа исламска конференција во близина на Париз, извикувајќи феминистички пароли на арапски и на француски јазик, пред да бидат совладани од петнаесетина мажи, кои насилно ги избркаа од сцената.

Активистките биле облечени во традиционални исламски наметки, за да можат да се доближат до бината, на која двајца фундаменталистички свештеници држеле предавање на тема „Дали сопругите треба да се тепаат или не?“. На снимката може да се види како жените на своите тела ги имаат напишано пораките „Никој не ме потчинува“ и „Јас сум својот пророк“.

По инцидентот ативистките се уапсени. Според портпаролката на Фемен, Ина Шевченко, полицијата ги заштитила активистките, на кои им се заканувал линч. Еден од мажите повикал „убијте ги“, а на снимката се гледа како ги клоцаат и ги туркаат. По испрашувањето во полиција, неидентификуваните активистки се пуштени на слобода, а организаторите на конференцијата најавија дека ќе ги тужат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...