fbpx

Денеска ќе се избираат директори на УБК и на БЈБ

-

На денешната седница, македонската влада ќе решава кој ќе го замени Сашо Мијалков, досегашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој пред две недели поднесе оставка, како што наведе, за да придонесе во надминувањето на политичката криза во земјата.

На седницата, владата треба да расправа и за тоа кој ќе биде нов директор на Бирото за јавна безбедност. Досегашниот директор Митко Чавков стана министер за внатрешни работи, откако Гордана Јанкулоска поднесе оставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата се поднови со 45 „Шкода суперб“ за 2,2 милиони евра

Склучен е договор меѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата и Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за набавка на 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг со...