fbpx

Повеќe од 3.000 битолчани тргнаа на протест во Скопје

-

Повеќе од 3.000 битолчани тргнаа на пат за Скопје да го поддржат митингот на опозицијата. Во долгата колона од Битола, се 19 автобуси, 14 минибуси и 300 автомобили со битолчани кои ќе го поддржат митингот во Скопје.

Ниту еден од битолските превозници не се нафати да вози за опозицијата. Под изговор дека се на тешка мака и силни притисоци, синоќа откажал и последниот автобуски превозник. Така, ноќеска битолските социјалдемократи едвај успеале да ангажираат 19 автобиси од Тетово, Кичево и од Неготино.

Пратеникот и лидер на битолските социјалдемократи, Васко Ковачевски, за „Мета“ потврдува дека повеќе од 3.000 битолчани се на пат за Скопје , колоната е пред Плетвар и засега нема проблеми.

– И покрај сите маки и тешкотии со кои моравме да се соочиме овие денови при организацијата, за битолчани да ги однесеме на митингот во Скопје, сепак успеавме. Ова покажува дека Битола има опозициско расположение и граѓаните се силно мотивирани да ѝ кажат „не“ на оваа Влада – рече Ковачевски.

Од Прилеп на денешниот митинг во Скопје се очекува да пристигнат повеќе од 3.000 граѓани. Тие ќе допатуваат со повеќе од 300 автомобили, а за 1.500 луѓе е организиран превоз со автобуси и со комбиња. Голем е и бројот на прилепчани кои самоинцијативно, без организиран превоз, ќе дојдат или веќе пристигнале во Скопје да го поддржат митингот на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...