fbpx

Средношколците најавија протестен камп пред МОН

-

„Средношколски пленум“ денеска соопшти дека продолжуваат со протестот поради лошите реформи во образованието, а од утре почнуваат да кампуваат пред Министерството за образование и наука.

„На денешниот генерален пленум, едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави в понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме министерот да нè прими на средба“, напишаа од „Средношколски пленум“ на својата фејсбук-страница.

Средношколците по завршувањето на бојкотот на наставата во училиштата, ќе се селат во кампот, каде ќе собираат потписи за поддршка на нивните барања и ќе одржуваат и алтернативни предавања преку кои имаат цел да им помогнат на учениците да го надоместат пропушениот материјал поради бојкотот.

Повеќе од 18.000 средношколци три недели ја бојкотираат наставата, барајќи враќање на стариот концепт на полагање државна матура, укинување на математиката како задолжителен предмет и повлекување на законот за екстерно тестирање. Средношколците, кои досега одржаа три масовни марша, бараат прием кај министерот за образование, Абдилаќим Адеми, но засега од МОН нема одговор на нивното барање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...