fbpx

Средношколците и студентите во 12 часот на марш против лошите реформи

-

Средношколците денеска третпат ќе излезат на протестен марш против лошите реформи во образованието. Средношколскиот марш ќе почне во 12 часот во Градски парк и ќе продолжи кон Владата и Министерството за образование.

Пред Владата ќе им се придружи и „Студентски пленум“, кој маршот ќе го почне во 12 пред платото на УКИМ. Двете групи заедно ќе продолжат кон МОН.

„Ве повикуваме заедно, сложно да кажеме „не“ на реформите кои од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение! Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто стои зад своите барања. Оваа наша сплотеност може да укаже на три работи, дека не може нашето знаење да се покаже преку тест со 30 прашања, дека не го подобрувате образовниот процес со бинго- тестови на среќа и дека не дозволуваме да си играте со нашата иднина! Доста беше молк, и доста беа реформи за кои се знаеше само зад затворени врати, без никаква шанса за отстапка и приговор. Време е ученикот да може да учествува во донесувањето одлуки за неговото секојдневие и иднина. Срамете се од себе, господа. Бојкот на настава, маршеви и протести… Зарем сте толку слепи?“, велат од „Средношколски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...