fbpx

Адеми на Заеднички одбор на министри во Прага

-

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска во Прага имаше свое обраќање на 19. состанок на Заедничкиот одбор на министри, организиран од Централната канцеларија на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии во Виена.

– Во рамките на својата мисија и преземените обврски, да се биде во чекор со актуелните случувања на европско и на глобално ниво на полето на образованието и на науката, Министерството за образование и наука на Македонија презема низа активности за приближување на македонскиот образовен систем кон тие промени. Со пристапувањето на Македонија кон Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии во 2006 година, се овозможи високообразовните институции од нашата земја да развиваат академска соработка со земјите од Централна и од Југоисточна Европа – истакна во своето обраќање министерот Адеми.

Адеми подвлече дека МОН ќе продолжи да ја поддржува соработката за да се промовира академската мобилност во и со земјите на Централна и на Југоисточна Европа.

На конференција во Килце во декември 2014 година, беше додесена одлука годишната квота на стипендии за 2015/16 година за Македонија, да изнесува 120 месечни стипендии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...