fbpx

Во Охрид ќе се гради дом за стари лица

-

Локалната самоуправа во Охрид денеска по пат на електронско јавно наддавање го понуди на продажба градежното земјиште наменето за изградба на дом за стари лица во локалитетот Грашница.

Површината на градежната парцела е 8.425 квадратни метри, a површината за градење e 6.299 квадратни метри. Цената за еден квадратен метар изнесува 1.393 денари.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица, кои ги исполнуваат критериумите што ги поставија локалните власти.

Отуѓувањето на земјиштето се врши според одлука донесена од Советот на Општина Охрид во октомври минатата година, која беше усвоена од мнозинството советници, но без амин од опозицијата.

Опозицијата е со став дека одлуките за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на државата за изградба на катна гаража, автобуска станица и на дом за стари лица не е во интерес на граѓаните.

Од локалната самоуправа напоменуваат дека отуѓувањето на земјиштето ќе се врши со строго дефинирана намена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...