Руските власти уапсиле 100 лица во рации поврзани со перење пари од сајбер криминал

Руската операција доаѓа помалку од една недела откако владата на САД ги откри обвиненијата и санкциите против двајца мажи, наводно поврзани со системот UAPS

-

Руските власти објавија апсење на речиси 100 лица поврзани со платежниот систем „UAPS“ и системот за размена на криптовалути „Криптекс“ во истрагата за перење пари поврзани со сајбер криминал.

Главниот истражен оддел на Истражниот комитет на Русија – највисоката руска федерална агенција за спроведување на законот – ја објави информацијата заедно со едноминутно видео.

Руската операција доаѓа помалку од една недела откако владата на САД ги откри обвиненијата и санкциите против двајца мажи, наводно поврзани со платежниот систем UAPS, а американската тајна служба објави дека запленила домени поврзани со размената на крипто системот „Криптекс“.

Руската агенција не даде никаков одговор за случувањата при операцијата или дали активностите на американската влада воопшто одиграле некаква улога, пишува Cyberscoop.

Во описот на видеото објавено на YouTube, агенцијата напиша дека осомничените „вршеле нелегални активности во размена на валути, криптовалути, испорака и прифаќање готовина, продажба на банкарски картички и лични сметки“. „Главните клиенти на овие услуги беа сајбер-криминалците и хакерите кои ги користеа услугите за да го легализираат нивниот криминален приход“, додава агенцијата.

Криминалната шема опфатила повеќе од 112 милијарди руски рубљи во 2023 година – приближно 1,2 милијарди долари – и на нејзините оператори им донела околу 3,7 милијарди рубљи, што е еквивалент на приближно 39 милиони долари, соопшти агенцијата.

Руските власти уапсија 96 лица како дел од операцијата, според агенцијата, по 148 претреси низ различни делови на земјата. Руските власти не објавија ниту едно осомничено име.

Од страна на САД, обвинети беа руските државјани, Сергеј Иванов, познат и како „Талеон“ и Тимур Шахмаметов, познат и како „ЏокерСташ“ и „Вега“.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...