По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На Широк сокак ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот

-

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус.

Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски кажа дека патеката ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по големина, и во моментов многу значаен фестивал во светот.

„Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди“, вели Дамевски во интервју за МИА.

Оваа „Патека на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом. Годинава ќе бидат откриени 18 ѕвезди. Шестмина од досегашните лауреати ќе присуствуваат на гламурозната свеченост на која секој ќе ја открие својата ѕвезда. Тоа ќе го направи и годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој го потврдил своето присуство. Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, а дизајнерското решение е дело на компанијата „Божиновски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...