Четворица убиени при пукање во училиште во Џорџија

Четиринаесетгодишното момче осомничено за убиствата минатата година било интервјуирано од полицијата за анонимни онлајн закани, соопшти ФБИ

-

Четири лица, меѓу кои двајца ученици и двајца наставници, беа убиени во пукање во средното училиште Апалачи градот Вајндер во Џорџија, пренесува Си-ен-ен.

Девет лица се ранети и хоспитализирани.

Момчето осомничено за убиствата има 14 години а минатата година било интервјуирано од полицијата за анонимни онлајн закани, соопшти ФБИ. Осомниченото лице бил ученик во средното училиште Апалачи.

Тој во мај 2023 година пред полицијата негирал дека стои зад објавите на интернет кои содржеле слики од пиштоли, предупредувајќи за пукање во училиште.

„Неговиот татко изјави дека имал ловечки пиштоли во куќата, но субјектот немал пристап до нив без надзор. Субјектот негираше дека ги упатувал заканите преку Интернет“ пишува во соопштение на ФБИ, дополнувајќи дека немало доволно причина за апсење во тој момент.

Покрај убиените, повредени се осум ученици и еден наставник, а осомничениот бил уапсен на кампусот и ќе биде кривично гонет како возрасен.

Средното училиште добило претходна телефонска закана во средата наутро предупредувајќи дека ќе има пукотници во пет училишта и дека Апалачи ќе биде првото училиште каде ќе се случи тоа. Не е познато кој го упатил повикот.

ИзворCNN

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...