ЕСМ: Испад во далновод на МЕПСО предизвика исклучување на БЛОК 1 во РЕК Битола

Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на АД МЕПСО е трет во период од 40-ина дена, велат од ЕСМ

-

Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО, соопшти Елетростопанство на Македонија.

Како што велат од државната компанија задолжена за производство на електрична енергија, редовното и нормално функционирање на Блок 1 било прекинато „бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен“.

Оттаму додаваат дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија во неколку населби во Битола во истиот период кога без напон остана и Блок 1 на РЕК Битола се должи на истиот проблем, предизвикан од далеководот на МЕПСО и нема никаква поврзаност со работата на комбинатот.

Понатаму, од ЕСМ велат дека паралелно, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод.

На последниот Блок 3 на РЕК, од ЕСМ велат оти се вршат ремонтни активности.

„Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на АД МЕПСО е трет во период од 40-ина дена. Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1“, посочија од ЕСМ.

Компанијата МЕПСО, односно Македонскиот електро-преносен систем оператор, е исто така во државна сопственост и таа е одговорна за преносот на електрична енергија низ државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...