Со лажна бесплатна „Скопска“ ловат лични податоци на граѓани

Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните, велат во ЈСП

-

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје, реагираат денеска оттаму.

„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, наведено е во соопштението од претпријатието.

Инаку, во објавата на Фејсбук, на т.н. страница Транспортна карта на град Скопје, наведено е следното:

„Град Скопје започна со кампања за подобрување на животната средина, охрабрувајќи ги жителите повеќе да користат јавен превоз. Скопска карта нуди бесплатен јавен превоз една година. Не одлагајте, специјалната понуда важи до 31 август“, наведено е во објавата.

Фото: Принтскрин

На линкот кој е објавен, се отвораат неколку празни полиња, во кои граѓаните треба да внесат лични податоци.

Фото: Принтскрин

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...