Јахта потона на италијанското крајбрежје, еден загинат, а неколку се водат како исчезнати

На бродот се веело британско знаме, а меѓу исчезнатите има британски и американски жители

-

Јахта која пловела по сицилијанското крајбрежје потонала утрово. Има најмалку еден загинат, а другите шест патници се водат како исчезнати, информираат италијанските пожарникарски и спасителни служби, а пренесува Би-би-си.

На јахтата наречена „Бејзијан“ се веело британско знаме, и патниците биле со британско, американско и канадско потекло.

На „Бејзијан“ имало 22 патници, од кои 10 биле дел од екипажот. Спасителните служби во Италија спасиле 15 лица, меѓу кои и едногодишно дете. Осум од спасените лице се сместени во болница.

Јахтата, која била 56 метри долга, потонала околу 49 метри под вода.

Италијанските медиуми известуваат дека јахтата потонала сред бујно невреме. Од минатата недела досега се забележани се голем број на бури на западниот дел од Средоземното море, каде притисокот е низок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...