Три хеликоптери и ер-трактори ќе го гаснат пожарот во Пехчево

На денешниот координативен состанок било договорено да се предложи Владата да го ангажира НАТО механизмот за помош, преку кој може да се бара и помош во пешадија

-

На ниво на држава, состојбата со пожарите е тешка, но не алармантна, изјави утринава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, по вчерашната загрижувачка ситуација кога имаше 66 пожари на отворен простор.

Ангелов информира дека од овие 66 пожари, 55 се изгаснати, под контрола се ставени 3, а активни се 12.

Најалармантна е ситуацијата во Пехчево, а на денешниот координативен состанок било договорено да се предложи Владата да го ангажира НАТО механизмот за помош, преку кој може да се бара и помош во пешадија. Пожарот во Пехчево го гаснат два хеликоптера, еден полициски и еден армиски, а ќе се придружи уште еден хеликоптер и два ер-трактора.

„Имаме доволен број пожарникари, војска, полиција и доброволци“, вели Ангелов.

Тој рече дека не треба да се повикуваат граѓаните да дејствуваат во гаснењето на пожарите зошто можат да ја попречат работата на службите.

„Тие можат да бидат од корист во населените места, на ивицата на градот. Во гаснење на пожар тие не можат да учествуваат, освен ако тоа не го дозволат командирите“, вели Ангелов, додавајќи дека не треба да се создава непотребна паника.

Утринава, најалармантни се пожарите во Пехчево, Старо Негоричане, неколку села во Кратово, во Македонски Брод каде што гори со денови, и во Свети Николе кон насока на Кочани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...