Скопје се сеќава – 61 година од катастрофалниот земјотрес

Земјотресот со јачина од 6.1 степени според рихтеровата скала останува најкатастрофалната природна непогода во историјата на Скопје и на Македонија

-

„Градот убав пак ќе никне“ вели песната за Скопје на маестро Александар Џамбазов посветена на главниот град. Градот кој што пред 61 година во 5:17 часот наутро беше речиси целосно срушен од катастрофалниот земјотрес, и остави голем белег на самиот град и нашата историја.

Скопје и старите скопјани засекогаш ќе се сеќаваат на тоа утро и на начинот на кои што беа разбудени. Над илјада лица, за жал тој ден го загубија животот. Многу домови беа срушени, многу семејства разделени, многу спомени засекогаш заборавени под урнатините.

Земјотресот со јачина од 6.1 степени според рихтеровата скала останува најкатастрофалната природна непогода во историјата на Скопје и на Македонија. Скопје пред повеќе од половина век било околу 65% срушено и урнато. Сите фотографии од тој период се болни за гледање. Преку фотографиите се чуствува тагата и болката на нашиот народ.

Фотографија направена неколку часа по катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули, 1963 г. | Извор:Непознат автор, Јавен домејн, Викимедија комонс

Во 1963 година светот се здружи да му помогне на Скопје да го врати стариот дух и да го направи градот уште поубав од што некогаш бил. Скопје го доби називот „Град на солидарноста“ кога 87 нации од целиот свет се здружија и испратија помош за повторна изградба на градот.

Во Музејот на град Скопје вечерва  во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ чиј автор е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот.

Во Кинотека на Македонија скопјани ќе можат да погледнат неколку кратки македонски филмови посветени на скопскиот земјотрес. Проекциите почнуваат во 20:30 часот, а ќе бидат прикажани пет кратки филмови и тоа „Школите и универзитетот во скопската катастрофа“, „Писмо од Скопје“, „Проштевање“, „Скопје“ и „Катастрофа, страдања, надежи“.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...