(ВИДЕО) Тројца полицајци заработија кривични пријави, пукале од службеното оружје без потреба

Станува збор за полициските службеници А.Д. и Д.Д. во Полициското одделение Теарце и Ј.Б. – полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце

-

Поднесени се кривични пријави против тројца полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Станува збор за полициските службеници А.Д. и Д.Д. во Полициското одделение Теарце и Ј.Б. – полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце.

Првопријавениот А.Д. на 23 мај 2022 година и второпријавениот Д.Д. на 24 мај 2022 година во текот на работното време, додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани.

А.Д. на 29 февруари годинава, како и  третопријавениот Ј.Б. на 8 март годинава, во реме кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на истото место, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматската пушка.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина“, се вели во соопштението на МВР.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...