Орбан во посета на Москва по преземање на претседателството на Унгарија во Европскиот совет

Многумина коментираат дека ваквото однесување на унгарските власти го навестува почетокот и крајот на шестмесечното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија

-

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, пристигна во Москва каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Ова предизвика бурни реакции кај голем број лидери на Европската Унија, кои јасно ставија до знаење дека унгарскиот премиер нема да го претставува Брисел за време на неговиот престој во Русија. Според нив, ваквиот политички чин претставува личен интерес, наспроти оној за кој се залага Европската Унија.

Забележано е зачестеното користење на авионот Ербасот 604, кој унгарскиот премиер често го користи за патувања во странство. Тој ја напушти Унгарија веднаш по неговото утринско интервју и слета на московскиот аеродром Внуково.

Пред заминувањето, Орбан изјави дека Брисел не ѝ доделил мандат на Унгарија за да промовира мир во Украина. Според него, Унгарија може да биде „добра алатка во рацете на луѓето кои сакаат мир“. Орбан во една од изјавите на социјалните мрежи изјави дека „Мировната мисија продолжува, а втората станица е Москва“.

Многумина коментираат дека ваквото однесување на унгарските власти го навестува почетокот и крајот на шестмесечното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, искоментира дека Орбан „на никаков начин не ја претставува ЕУ“ во Москва.

Политичките тензии растат во пресрет на Самитот на НАТО во Вашингтон, многу од светските лидери ги менуваат правците на нивните ставови, но и начинот на движење и водење на внатрешните и надворешните политики.

Заради врнежите, водоводот во Тетово со намален притисок, а во Гостивар водата не е за пиење

Центарот за Управување со кризи информира дека во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата воопшто не е за пиење. Јавното комунално претпријатие „Шар“ од...