ЦУК: 12 пожари на отворено, четири сè уште активни

Изгасени се осум пожари на отворено во последното деноноќие

-

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 225 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,96%, а 36,04% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 55,39%, кон Итната медицинска помош 31,13%, кон пожарникарите 10,54%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

12 пожари вкупно на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните активни, се водат четири пожари во: Општина Градско, помеѓу селата Виничани и Свеќани (нискостеблеста шума и сува трева); Општина Кичево, с.Цер (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека); Општина Ново Село, месност „Хаџиица“, на граница со Бугарија (букова шума) и во Општина Дојран, помеѓу Стар и Нов Дојран (чад во депонија).

Изгасени се осум пожари на отворено во последното деноноќие, конкретно во: Општина Кичево, с.Другово (ѓубриште); Општина Свети Николе, во градот (ѓубре);

Општина Штип, градски гробишта во Штип (сува трева); Општина Куманово, 3, кај м.в. „Бавче“, кај ООУ „Наим Фрашери“ и кај гробиштата во с.Клечовце (сува трева); Општина Старо Нагоричане, кај гробишта во с.Пелинце (сува трева) и во Општина Тетово, м.в. „Расадиште“ (сува трева).

 

Започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Вчера, во Парк во Франкофонија, активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски" - Центар,...