Девет пожари на отворено имало во изминатото деноноќие

Пожарникарите гаселе пожари во Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре), во Радовиш, Штип,  Желино, Тетово, Маврово, како и во општина Демир Хисар

-

Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите гаселе пожари во Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре), во Радовиш, Штип,  Желино, Тетово, Маврово, како и во општина Демир Хисар.

„Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2.111 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Сите итни случаи се пријавуваат на овој број, посебно кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат оттаму.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...