В четврток дебата за македонскиот роман на Филолошки факултет

Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“

-

Во четврток, 16 мај, со почеток во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (големиот амфитеатар, А3), ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“, информираат оттаму.

Учесници на разговорот што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.

Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.

Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје

Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето...