fbpx

Пешевски од Штип: За ситен ќар, ни ги нарушуваат односите со Кина

-

„Со последните „бомби“, за ситен политички ќар, ги нарушуваат односите со Кина, која се покажа како старетегиски партнер од доверба на Македонија. Тоа Македонија може да ја чини многу. Да испратиме порака до оние кои сакаат да ја видат Македонија на колена. Да им кажеме дека тоа нема да се случи. Сакам да испратам порака до неодговорните водачи на СДСМ дека патот кој го одбрале не ја води Македонија напред. Тоа е пат кој нив ќе ги однесе во заборав“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски на народниот собир на ВМРО-ДМПНЕ во Штип.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип одржува голем народен собир, како дел од карванот на собири што партијата ги организира низ Македонија.

На улиците има автобуси со кумановски, скопски и со охридски регистарски таблички.

Собирот и колоните симпатизери се снимаат и со два дрона.

Прв на собирот говори потпретседателот на Владата за економски прашања, Владимир Пешевски, и пратеникот од Штип, Никола Мицевски, а на крајот  ќе се обрати и лидерот на партијата, Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...