fbpx

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува бројот на загинатите на работните места во текот на 2023 година

-

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува бројот на загинатите на работните места во текот на 2023 година, информираат од Македонското здружение за заштита при работа.

Во фокусот на овогодинешното одбележување е влијанието на климатските промени врз работните места и потребата за градење на посоодветни системи за безбедност и здравје при работа за заштита на здравјето на работниците.

„Податоците за 2023 година потврдуваат дека се гине на работните места! Во нивна чест и сеќавање, лани на 28 април, го започнавме проектот за создавање на најмалиот парк на светот, во кој ги посадивме фиданките од дрвцата во спомен на загинатите работници во текот на претходната календарска година. Тоа ќе го повториме и годинава“, соопштија од Македонското здружение за заштита при работа.

На 28 април се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој е воедно е и Меѓународен ден на комеморација и споменување на сите работници кои своите животи ги губат поради повреди на работа и професионални болести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...