fbpx

На Германија до 2040 година може да ѝ недостигаат дури 660.000 ИТ професионалци

Проширениот јаз во ИТ вештините значи губење на конкурентноста, додадената вредност, растот и просперитетот. Без ИТ експерти, Германија ја губи својата дигитална иднина“, вели Ралф Винтергерст, претседател на дигиталното здружение Битком

-

Недостигот од ИТ експерти во германската економија значително ќе се зголеми во следните години доколку не се преземат контра мерки, покажува долгорочната студија на дигиталното здружение Битком, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Без соодветни политики, на Германија може да ѝ недостасуваат околу 663.000 ИТ професионалци во 2040 година. Здружението пресметува дека во моментов има недостиг од 149.000 луѓе во оваа сфера.

„Голем јаз ќе се појави првенствено поради зголемената потреба за програмери, системски администратори и други ИТ професионалци. До 2040 година ќе треба да се пополнат вкупно 1,92 милиони работни места, а на пазарот има само 1,26 милиони квалификувани работници“, се вели во истражувањето.

Претседателот на Битком, Ралф Винтергерст вели дека покрај овие бројки, има илјадници непополнети ИТ работни места во администрацијата, училиштата и научните институции.

„Недостигот од ИТ професионалци, кој се влошуваше со годините, ја погодува целата земја и ја забавува многу потребната дигитализација. Проширениот јаз во ИТ вештините значи губење на конкурентноста, додадената вредност, растот и просперитетот. Без ИТ експерти, Германија ја губи својата дигитална иднина“, рече Винтергерст.

Здружението објаснува како ситуацијата може да се подобри.

Околу 108.000 дополнителни квалификувани работници можат да влезат на пазарот до 2040 година – доколку се привлечат повеќе студенти и приправници, доколку се зголеми интересот за ИТ кај женската популација и ако се запре напуштањето на студиите за компјутерски науки.

За да се постигне оваа цел, потребни се мерки како што се воведување на повеќе часови по информатика во училиштата низ Германија, како и отворање катедри за компјутерски науки, дигитализација и вештачка интелигенција.

Дополнителна контрамерка е да се задржат постарите вработени над возраста за пензионирање. Тоа значи дека разликата може да се намали за уште 68.500 места, стои во истражувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...