fbpx

Светски ден на дебелината: Во Македонија речиси една третина од луѓето се обезни

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од 6 до 9 годишна возраст во Макеоднија живеат со зголемена телесна тежина или се обезни, a 13,8 отсто од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина

-

Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека во 2022 година, повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите (од 5 до 19 години). Во Македонија, пак, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина, објави денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Во нашата земја дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 отсто, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто споредено со 1990 година. Повеќе од 10 години, Институтот и Центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од европскиот регион. Оваа иницијатива е најмасовниот систем на следење на трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата преку стандардизирани антропометриски мерења и процена на детерминантите на дебелината во семејната и училишната средина“, пишува во соопштението на ИЈЗ.

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од 6 до 9 годишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина. 13,8 отсто од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата. Повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски-богата храна е значаен фактор кој придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата.

Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата.

Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини кои промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина.

„Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во Македонија се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина кои влијаат врз дебелината до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување“, пишува во соопштението на Институтот за јавно здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Западот не спровел државен удар во Украина во 2014 година, војната ја започна Русија

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022...