fbpx

Претреси во Охрид, Неготино, Кавадарци и Битола, во тек е акција на финансиската полиција

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, наведено е во соопштението

-

Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи (МВР), а под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес во раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица, соопштуваат оттаму.

„Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Управата за финансиска полиција ја спроведе со обвинителството и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, наведено е во соопштението од финансиската полиција.

Во меѓувреме, Основниот кривичен суд Скопје од Основното јавно обвинителство за
гонење организиран криминал и корпуција, пристигнал предлог за определување мерки притвор и други мерки за обезбедување присуство против 26 осомничени, како и 10 барања за определување привремени мерки – замрзнување имот, а поврзани со акцијата на Управата за финансиска полиција со кодно име „Синџир“.

„Со оглед на обемноста на предлозите и големиот број опфатени лица судот со дополнителни детали, за предложените мерки, ќе извести во текот на утрешниот ден“, наведено е во соопштението од судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...