fbpx

Шојгу: Москва е подготвена за решавање на украинската криза, но условите не се исполнети

Русија соопшти дека соборила 36 украински беспилотни летала над Црното Море и полуостровот Крим

-

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, зборувајќи на форумот за одбрана во Пекинг, кажа дека Москва е подготвена за разговори за постконфликтно решавање на украинската криза и за понатамошен „соживот“ со западот, но дека западните земји треба да престанат да бараат стратешки пораз на Русија. Како што пренесе „Гардијан“, условите за разговори сè уште не биле исполнети.

Тој го обвини Западот дека промовира трка во вооружување во азиско-пацифичкиот регион, објавија руските државни медиуми, велејќи дека „наметливата желба за дијалог“ на Западот го прикрива трупањето сили во тој регион.

Во меѓувреме Русија соопшти дека соборила 36 украински беспилотни летала над Црното Море и полуостровот Крим. Во локалните медиуми се појавија тврдења дека пожарот во рафинеријата за нафта во неделата во раните утрински часови бил предизвикан од напад на беспилотно летало или остатоци од соборен дрон.

Украина соопшти дека соборила пет експлозивни беспилотни летала Шахед од иранско производство, лансирани од Русија во текот на ноќта.

Државните медиуми во Русија објавија дека повеќе од 100 украински војници биле убиени во Јужно-Донецк во изминатите 24 часа. Во нападот на руските војници наводно биле вклучени моторизирана пешадија, бригада за воздушен напад на украинските вооружени сили и бригада за територијална одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...