fbpx

Украинската одбрана ноќеска ги уништила руските дронови и ракети

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека е „особено тешка“ ситуацијата во Авдиевка и градот Маринка и дека имало бројни руски напади, но украинските позиции стабилни

-

Украинските одбранбени системи уништија руски дронови и ракети кои Русија ги лансирала во текот на ноќта, соопшти во понеделникот украинското воздухопловство, пренесе „Гардијан“.

Воздухопловните сили, на „Телеграм“ соопштија дека биле уништени вкупно 14 напаѓачки дронови, меѓу кои 13 дронови од иранско производство, еден непознат дрон, како и една ракета.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека е „особено тешка“ ситуацијата во Авдиевка и градот Маринка и дека имало бројни руски напади, но украинските позиции стабилни.

Руските сили направиле серија крвави напади врз разбиениот град Авдиивка, кој се смета за порта за повторно заземање на Доњецк и остатокот од Донбас, составен од регионите Доњецк и Луганск.

Американски Институт кој ја проучува војната објавил дека украинските сили во Керсон преминале од нивната страна на реката Днепро, за да заземат нови позиции и да ги гонат руските сили.

Русите го окупирале источниот брег кај Керсон, а западниот брег е слободен и под украинска контрола, иако редовното гранатирање од Русите продолжило во текот на викендот.

Шест лица кои загинаа во руски ракетен напад врз поштенски дистрибутивен центар во областа Харков во саботата, биле поштенски работници, на возраст меѓу 19 и 42 години. Од 17 повредени, седум се во тешка состојба и се борат за живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...