fbpx

Бајден побара „витална“ воена помош за Украина и Израел

„Не можеме да дозволиме ситна, партиска, лута политика да ни ја попречи одговорноста како голем народ. Не можеме да дозволиме терористи како Хамас и тиранин како Путин да победат“, порача американскиот претседател

-

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека светската историја е на „точка на пресврт“, истакнувајќи ги заложбите за, како што ја нарече, „паметна инвестиција“ од милијарди долари воена помош за Украина и Израел.

Во говор во Белата куќа, Бајден рече дека Хамас и Русија сакаат да ја уништат демократијата во соседните земји, пренесува Би-би-си.

Американскиот претседател рече дека до Конгресот ќе испрати итно барање за финансирање, кое се очекува да изнесува 105 милијарди долари.

Сепак, Претставничкиот дом нема лидер и не може да одобри никакво трошење.

Ова е второ обраќање на Бајден до нацијата за време на целото негово претседателствување и се случува еден ден по неговото патување во Израел, кое се одржа по нападите на Хамас од 7 октомври.

Тој рече дека виталното барање за итна помош „ќе исплати дивиденда за американската безбедност со генерации“.

„Кога меѓународната агресија станува неконтролирана, тоа само предизвикува повеќе хаос и смрт и повеќе уништување“, порача Бајден во своето обраќање.

Тој рече дека американската помош ќе ја изостри квалитативната предност на Израел и ќе ги зголеми неговите воени способности.

Бајден изрази и сочувство за страдањата на палестинскиот народ во Газа и зборуваше за средбите со семејствата на израелските и американските жртви по нападите на Хамас.

Демократската партија на САД се надева дека со поврзување на различните пакети помош ќе може да добијат поддршка за финансирањето на Украина, на што се противат некои републиканци.

„Не можеме да дозволиме ситна, партиска, лута политика да ни ја попречи одговорноста како голем народ. Не можеме да дозволиме терористи како Хамас и тиранин како Путин да победат. Одбивам да дозволам тоа да се случи“, порача Бајден.

Инаку, непосредно пред неговиот говор, американската морнарица во Црвеното Море соборила три крстосувачки ракети и неколку беспилотни летала кои биле истрелани од Јемен и можело да бидат насочени кон Израел, според Пентагон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...