fbpx

Пендаровски се сретна со неговите колеги-претседатели на Албанија и на Косово

На средбата со косовската претседателка било изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични и засновани на меѓусебно почитување

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, како и со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на маргините на одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички од процесот Брдо-Бриони во Скопје.

Како што информираат од неговиот кабинет, на средбата со косовската претседателка било изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични и засновани на меѓусебно почитување.

„Беше констатирано дека унапредувањето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на целиот регион. Соговорниците го реафирмираа интересот за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската и се заложија за активен придонес за да имаме инфраструктурно развиен и економски просперитетен регион“, наведено е во соопштението од кабинетот.

На средбата со албанскиот претседател Бајрам Бегај било изразено задоволство од континуираниот политички дијалог и севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави и беше изразено очекување за јакнење на соработката во областите од заемен интерес.

Средба со албанскиот претседател Бајрам Бегај. Фото: Кабинет на претседател на РСМ

„Беше посочено дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со цел на уште поактивен придонес за безбедноста во регионот и пошироко. Соговорниците разменија мислења и информации за европските интеграции на Северна Македонија и Албанија, при што оценија дека забрзувањето на овие процеси позитивно ќе се одрази врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија“, се вели во соопштението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...