fbpx

Царината запленила шминки, текстил, семиња, девизи, оружје

-

Царинската управа соопшти дека изминатата недела заплениле 422 парчиња шминки, 191 парче текстилни производи, 5.000 евра, 3.180 цвеќиња, една пушка и семенски материјал во вредност од 10.000 евра.

Како што велат од таму, на граничниот премин Табановце на влез во државава се запленети 422 парчиња шминки во вредност од речиси 190 илјади денари, откако оперативниот тим при детален преглед со скенер истите ги открил во торба скриена во кабина на товарно моторно возило со штипски регистарски таблички.

На граничниот премин Блаце во три црни ќеси во возило се пронајдени 191 парчиња текстилни производи со вкупна вредност од 137.711 денари, кои претходно биле непријавени.

На истиот премин, државјани на Ирак со себе носеле 25 илјади евра, а пријавиле само 20 илјади евра.

„Непријавените девизи во износ од пет илјади евра, биле скриени зад заштитникот од сонце од страната на возачот“, соопшти Царинската управа.

На граничниот премин Свети Наум во Охрид, царински службеници спречиле нелегален внес на семенски материјал во вредност од 611.925 денари, откриени во патничко возило со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин.

„Спречено е и нелегално внесување на огнено оружје, откако царински службеници на граничниот премин Меџитлија на влез во државава при контрола на возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин открија ловечка пушка која истиот не ја пријави и за која немаше соодветна дозвола за внес во државава“, велат од Царина.

На граничниот премин Богородица, пак, заплениле непријавени 3.180 цвеќиња кои не биле опфатени со царинска дакларација во вкупна вредност од околу 84 илјади денари.

„Стоката во сите случаи е задржана, а против лицата се поднесени соодветни пријави“, соопшти Царинската управа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...