fbpx

Жена и дете починаа во сообраќајка во крушевско, повредени уште две деца и возачот

Во автомобилот имало петчлено семејство, а управуван бил од 35-годишен жител на селото Канатларци, кој излетал надвор од коловозот кај местото викано „Студена вода“

-

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), околу 17 часот било пријавено дека на местото викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 35-годишен жител на селото Канатларци, излетало надвор од коловозот.

По несреќата, двајца од сопатниците биле пренесени во Општата болница Прилеп. 33-годишната Џ.С. од Канатларци во болницата им подлегнала на повредите, додека малолетен сопатник бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но при транспортот починал.

ОД МВР додаваат дека возачот и уште двајца малолетни сопатници завршиле со тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Крушево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...